На 26 март се собравме на плоштадот Македонија, облековме бели маици и тргнавме во поход на гушкање. Повеќе
Трето издание на добро познатиот семинар за роботи - Робомак. Настанот се оддржа од 19ти до 26ти февруари 2012, со учество на околу 100 студенти од земјата и странство. Повеќе
Организиран во Планинарски дом „Смрека“ на Попова Шапка, со цел запознавање на новите членови со EESTEC, тренинзи за Лидерство, Team Building, Soft Skills и многу многу дружење и забава! Повеќе
EESTEC (анг. Electrical Engineering Students’ European Association, EESTEC) е невладина, непрофитабилна организација на студентите по електротехника и компјутерски науки од универзитети, интитуции и училишта во Европа кои доделуваат инженерска диплома. Формирана е во Холандија во 1986 година.
EESTEC се состои од локални комитети (анг. Local Committees, LC) кои се наоѓаат низ цела Европа на различни факултети. Локален комитет е локален огранок од интернационалниот EESTEC. Во моментов имаме 53 локални комитети кои се распоредени во 28 земји со повеќе од 3000 активни членови, и достапност до околу 50 000 студенти.
Главна цел на EESTEC е да промовира, воспостави и развие интернационални контакти и да размени идеи помеѓу студентите.
Активностите на оваа организација се потпираат на вештините, ентузијазмот, отвореноста и волјата за вклучување на членовите, како и на надоградување, развивање и подобрување на нивното техничко знаење и достигнување на нивен целосен успех.
Студентите од цела Европа се сретнуваат и ги промовираат своите земји при што учат да ги почитуваат како своите разлики во култури така и разликите во традиции и општества што овозможува полесно снаоѓање во мултикултурна средина.
Мисијата на EESTEC е да ги обедини студентите, кои се врската меѓу универзитетите и компаниите, да ги насочи да го посветат своето време и енергија во волонтерски активности кои ќе го потпомогнат личниот развој и постигнувањето на високи технички, комуникациски и лидерски вештини кои ќе придонесат во создавање на идни лидери кои му се потребни на нашето општество.
На овој начин им ја олеснуваме работата на компаниите кои добиваат идни вработени млади луѓе со потребни компетенции, спремни за тимска и индивидуална работа, доволно флексибилни за да се вклучат во секаква средина со желба за работа и постојано учење и надоградување.
EESTEC Локалниот комитет Скопје беше основан во 2003 година од неколку ентузијасти и веќе деветта година по ред продолжува да живее, притоа зголемувајќи го своето членство и ширејќи ја EESTEC идејата низ сите студенти. Деветта години им помага на студентите од универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ пружејќи им можности за комплементарно образование и учество на интернационални настани во организација на локалните комитети на EESTEC ширум Европа.
Компании кои го помогнаа оддржувањето на последниот мотивациски викенд во мај 2012: